Samsung го официјализираше својот чипсет Exynos 1080 во Кина, кој пристигнува како наследник на моделот Exynos 980. Серијата телефони Vivo X60, кои ќе дебитираат следната недела, би можеле да бидат првите модели што ќе го имплементираат најновиот чипсет на јужнокорејската компанија.

Exynos 1080 е 5nm чипсет, создаден во EUV FinFET технологија. Во споредба со неговиот претходник, новиот чип нуди 14% подобрување на перформансите и 30% намалување на потрошувачката.

Чипсетот има окта-јадрен процесор, кој се состои од едно јадро од 2.84GHz Cortex A78, три јадра од 2.6GHz Cortex A78 и четири јадра 2.0GHz Cortex A55. GPU Mali-G78 MP10 е задолжен за графика. Чипсетот поддржува LPPDR4x и LPDDR5 RAM меморија и UFS 3.1.

Кога станува збор за 5G конекции, Exynos 1080 нуди 5,1 GBps брзина на преземање и 1,28 GBps брзина на поставување на мрежата под-6GHz, додека на mmWave 5G достигнува брзина од 3,67 Gbps. Чипот поддржува и врски како што се Bluetooth 5.2, Wi-Fi 802.11ax, GPS, GLONASS, Beiduo и Galilieo.

Телефоните, кои ќе го имплементираат Exynos 1080, можат да поддржуваат WQHD+ резолуција со освежување на екранот до 90Hz или Full HD+ резолуција со освежување од 144Hz. Исто така, постои поддршка за единствена камера до 200MP, или систем за двојна камера со 32MP + 32MP сензори. Исто така, постои поддршка за HDR10 + и 4K 60fps кодирање и декодирање.