Во последните години, има се повеќе истражувања кои покажуваат дека сината светлина од екраните на нашите уреди има негативен ефект врз сонот и ги нарушува фазите на спиење. Доколку екраните постојано се вклучени, корисниците не ги добиваат потребниот одмор, па дури и кога ќе успеат да заспијат.

Поради овие проблеми, многу компании се обидуваат да го „затоплат“ светлато на дисплеите на своите уреди, но се чини дека екраните со потопло светло не се толку ефикасни како што се очекуваше. Експертите од Универзитетот во Манчестер утврдија дека жолтото светло е исто толку штетно како и синото, ако не и поштетно. Се работи за тоа дека истражувањата за сината светлина настанале пред околу 20 години, и било откриено дека меланопсинот, протеин кој се наоѓа во окото и кој е одговорен за регулирање на „внатрешниот часовник“ – негативно реагира на овој вид светлина.

Новите истражувања спроведени врз глувци укажуваат на тоа дека жолтото светло е подеднакво штетно, па дури и дека синото е можеби подобро, бидејќи, кога е пригушено, повеќе опушта од жолтото. Иако студијата е спроведена само на глувци, научниците тврдат дека тоа важи и за луѓето, па затоа е најдобро уредите да најдат што подалеку од креветот и да се спие во целосна темнина.