Huawei и Samsung досега имаа многу различен став за она што е најдобар дизајн за флексибилните телефони. Додека Galaxy Fold на Samsung се свиткува кон внатре, Mate X и Mate Xs моделите се свиткуваат кон надвор.

Гласините сугерираат дека Samsung ќе се држи до својот претходен дизајн и на претходниот Galaxy Z Fold 2 телефон, додека Huawei би можел да го отфрли својот досегашен пристап и да имплементира свиткување кон внатрешноста на својот следен флексибилен уред.

Huawei неодамна поднесе барање за заштита на името за Mate V, а трејдмаркот укажува на поинаков дизајн од оној што го имаат Mate X и Mate Xs. Деталите за ова ги откри сајтот LetsGoDigital.

Ознаката “V” во името би можела да означува „свиткување како книга“, односно кон внатре. Интересено е дека во април Huawei поднел барање за патент на дизајн, кој укажува токму на оваа промена во однос на претходните флексибилни уреди на компанијата.

Се очекува дека следниот флексибилен телефон на компанијата Huawei би можел да биде официјализиран во октомври, што значи дека наскоро би можеле да почнат да се појавуваат повеќе информации за уредот.