Apple во текот на презентацијата на новите MacBook лаптопи со Apple M1 чипсет, истакна некои храбри тврдења по прашањето на нивните перформанси. Сега првите бенчмарк тестови ги потврдуваат овие наводи на компанијата.
Според Geekbench тестовите, 13-инчниот MacBook Air со M1 чип успеа според перформансите да го надмине 16-инчниот MacBook Pro од 2019. godine, кој користи Intel процесор. Споменатиот 16-инчен лаптоп досега беше практично најдобиот лаптоп што го нудеше Apple, но сега изгледа е веќе надминат.
GeekBench резултати откриваат дека M1 MacBook Air оствари 1687 поени во single-core перформансите и 7433 поени на multi-core тест. Наспроти него, 16-инчниот MacBook Pro со Intel Core i9 чип забележа резултати од 1096 и 6870 поени.
Секако, тестот на перформансите е само дел во оваа приказна и ќе биде интересно како M1 MacBook Air ќе се покаже во доменот на графиката, како и во поглед на достапноста и компатибилноста на апликациите за новата платформа.
Apple претстави три Mac компјутери со првиот сопствен M1 чип
Поврзани артикли