NFC forum најави ажурирање на безжичната технологија со краток досег, која му додава на стандардот нов облик на безжично полнење. Идните NFC уреди можат да ја понудат функционалноста на безжично полнење, иако на начин кој е далеку поограничен од популарниот Qi стандард, кој го користи речиси секој втор уред, пишува 9to5Google.

Новиот NFC стандард е далеку побавен од Qi полнењето, нудејќи до 1W брзини во споредба со основните Qi брзини од 5W. (Qi брзото полнење може да достигне брзина од 10 W или повеќе на стандарден хардвер). Ќе му биде потребен нов хардвер – нема да можете да добиете само ажурирање на фирмверот и одеднаш да имате NFC безжично полнење на моментниот уред.

Со оглед на тоа дека брзините се толку мали во споредба со Qi, би можеле да за запрашаме зошто некој би се мачел да користи NFC полнење. Меѓутоа, клучната идеја на новиот NFC стандард не е да се користи како замена за Qi полнењето на уредите како паметните телефони, кои бараат многу енергија, туку да го дополни.

За разлика од Qi стандардот, кој бара физички големи калеми за пренос на енергија меѓу уредите, новиот WLC стандард за безжично полење, како што формално се нарекува, на NFC му овозможува една антена да управува и со комуникацијата и полнењето на уредот.