Германскиот премиум производител покажа како гледа на градскиот транспорт во блиска иднина.

Audi во историјата имаше „излети“ во кои исчекоруваше од својот вообичаен концепт на возило и ја изненадуваше јавноста. Многумина прво ќе се сетат на моделот А2, па токму таму би можеле да ги најдеме корените на ова иновативно возило.

Неговото име е Urbansphere, а Audi го воведува откако веќе опфати два сегменти со концептите Skysphere (roadster) и Grandsphere (седан).

Новиот концепт требаше да биде прикажан на салонот во Пекинг, но поради одложувањето на тој настан, Audi се одлучи за онлајн премиерата.

Urbansphere е создаден во дизајнерскиот центар на Audi во Пекинг, со помош на колегите од Инголштад, а е наменет за превоз на ВИП патници во растечките кинески градови.

Во исто време, насоката на дизајнирање беше развиена според повратните информации на потенцијалните клиенти. Станува збор за пространа и голема кола со облик на миниван.

Со должина од 5,5 метри, ширина од 2 метри и висина од 1,78 метри е импресивна појава. На крајот на краиштата, тој е исто така поголем од Cadillac Escalade.

Со вакви димензии, не треба да чуди изборот на алуминиумски тркала од 24 инчи, како и големи стаклени површини на каросеријата.

Предниот и задниот дел на возилото се целосно дигитализирани со променливо LED осветлување.

Кинезите сакаат огромни маски на овие луксузни мини комбиња, а Audi ја зачини својата маска со „еден рамка“ со LED технологија.

Audi го опишува овој концепт како „салон на тркала и мобилна канцеларија“.

Автомобилот има голема врата за пристап до исклучително пространа кабина со четири посебни седишта-фотелји кои имаат опции за прилагодување Relax и Entertain, кои вклучуваат звучници во потпирачите за глава, како и продолжетоци за поддршка на нозете на патникот.

Очекувано, акцентот е ставен на автономното управување кога воланот, дигиталниот кокпит и ножните контроли автоматски се отстрануваат од погледот. Според Audi, Urbansphere има 4-то ниво на автономно управување, кое ќе биде подготвено за комерцијализација во втората половина на оваа деценија.

Изобилството од технологија и напредни системи како што се детекција на лицата на патниците, стресот и низа мултимедијални содржини се подразбира. Исто како електричниот погон кој, како механичката платформа PPE, го дели со идните модели како што е A6 e-tron.

Два електромотори произведуваат 401 КС и 690 Nm, а има и задолжителен quattro погон. Батеријата со капацитет од 120 kWh се наоѓа во подот на возилото, и овозможува автономија на возење од дури 750 km.

Може да се полни на брзи полначи до 270 kW, што гарантира 300 km автономија за само 10 минути полнење.

Urbansphere веројатно нема да оди во сериско производство, но сосема е сигурно дека овој концепт е најава за она што Audi го подготвува во електричната ера.

Воедно, дефинитивно изрази подготвеност да влезе во комплетно нови автомобилски сегменти.