Дојавувач од Кина сугерира дека Huawei Nova 8 и Honor V40 ќе бидат официјално претставени во декември, а во засебна вест, втор дојавувач сугерира дека иницијалните скици покажуваат дека дизајнот на камерите на двата телефона ќе биде доста сличен.

Huawei Nova 8 серијата веќе постои на пазарот, преку SE моделот, а се очекува дека ќе биде проширена со стандардна верзија, Pro варијанта и можеби 8i моделот.

Гласините сугерираат дека Honor V40 серијата ќе биде објавена кон средината на декември во Пекинг, а ќе има два различни чипсета – Dimensity 1000+ и Kirin 9000. Спецификациите вклучуваат и 50MP камера со RYYB сензор, 66W полнење преку кабел и 40W безжично полнење.

Ни останува да го дознаеме остатокот од спецификациите, како и цените и достапноста на претстојните Huawei Nova 8 и Honor V40 телефони.