Google Photos е едно од најпопуларните онлајн cloud решение за складирање, бидејќи нуди бесплатно и неограничено скалдирање за фотографии и видео. Сепак, од јуни 2021. година, сите оние кои бесплатно го користат сервисот ќе бидат лимитирани на 15GB простор.

Google ова го објави на својот блог, каде што компанијата истакнува: „Почнувајќи од 1. јуни, 2021. година, секоја нова фотографија или видео што ќе се уфрлат ќе се сметаат во рамките на 15GB складирањата, кои пристигнуваат со секој Google Account или дополнителното складирање, кое корисникот го купил како Google One член“.

Од друга страна, компанијата истакнува дека секоја фотографија или видео, што се аплоадирани во висок квалитет до 1. јуни следната година, нема да бидат сметани во рамките на 15GB слободниот простор. Тоа значи дека корисниците нема одеднаш да ги изгубат сите фотографиии и видеа што ги уфрлиле на Google Photos, поради новите промени.