Facebook отсекогаш го потенцирал фактот дека нивната популарна платформа е бесплатна за користење. Затоа, слоганот It’s free and always will be може да се забележи на нивната почетна страница повеќе од една деценија на почетна страница.

Компанијата на овој начин се обидува да придобие се повеќе корисници кои ќе се регистрираат на Facebook, бидејќи тоа нема да ги чини ништо. Сепак, во иднина, корисниците повеќе нема да го гледаат традиционалниот слоган кога ќе ја отворат почетната страница.

Business Insider информира дека слоганот е отстранет и дека наместо него, корисниците сега гледаат сосема друг слоган што гласи It’s quick and easy. Интересно е тоа што Facebook официјално не ја коментира ситуацијата и, соодветно, не објави никаква причина за оваа одлука.