Компанијата Lenovo најави два нови 27-инчни гејминг монитори, кои ги краси конкурентска цена. Моделите G27-20 и G27q-20 имаат сличен дизајн однадвор, но пристигнуваат со различни IPS панели и поинакви цени.
Lenovo G27-20 користи 27-инчен 1080p IPS панел, со 144Hz стапка на освежување, 1ms MPRT и 3ms G2G одзив (Extreme mode). Вистинскиот 8-битен панел има типично осветлување од 400 нита и 1000:1 контраст, покривајќи 99% од sRGB спектарот на бои.
Lenovo G27q-20 има 27-инчен QHD панел со поддршка за 165Hz освежување, 3ms G2G одзив во Extreme modе и 1ms MPRT одзив. Овој IPS панел има 10-битна длабочина на бои (8-bit + FRC) и покрива 99% од sRGB спектарот. Типичното осветлување е 400 нита, а тука е и 1000:1 контраст.
Двата монитора поддржуваат AMD FreeSync Premium и HDR декодирање. Подесувањето на мониторот е можно преку Lenovo Artery или Lenovo Display Control Centre. Мониторите имаат ергономски сталак и поддржуваат VESA 100×100 mm монтажа.
Достапните опции на конекција се HDMI 1.4 порт, DisplayPort 1.2 и приклучок за слушалки за G27-20 моделот, односно HDMI 2.0 порт, DisplayPort 1.4 и 3.5mm приклучок за G27q-20 моделот.
Lenovo G27-20 и G27q-20 мониторите се очекуваат на пазарот од јануари, по цени од 240 и 300 долари.