Роботот Monster Wolf се користи против напади од мечки во Јапонија.

Јапонскиот град Такикава користи роботски волци чија задача е да ги исплашат мечките и да спречат напади на луѓе.

Минатата година беа забележани вкупно 157 напади од мечки, но откако почна користењето на Monster Wolves роботите, нема ниту еден напад.

Поради недостиг од храна мечките се принудени да се приближат до градовите. Сечата на шумите и ширењето на градовите ја намалија бариерата меѓу живеалиштата на животните и човечките домови. Поради тоа контактот меѓу животните е почест, а со тоа се почести и нападите.

Токму затоа Јапонците дојдоа до оваа идеја, роботски волци кои прават одредени движења и испуштаат гласни звуци.

Извор: Klix.ba