Xiaomi го проширува своето портфолио на производи надвор од пазарот на телефони. По телевизори, лаптопи и IoT уреди, кинеската компанија сега во понудата има и гејминг монитори. Компанијата претстави два гејмерски монитора во Кина, вклучувајќи и 34-инчен заоблен дисплеј. Вториот гејминг монитор има рамен екран од 23,8 инчи.

Mi Surface Display е 34-инчен гејмерски монитор со 21:9 однос на страници и резолуција од 3440 x 1440 пиксели. Освежувањето на мониторот изнесува 144Hz и има заобленост од 1500R. Mi Surface Display го карактеризира и AMD Freesync поддршка и низок Blu-ray режим. Xiaomi посочува дека дисплејот поддржува 121% од sRGB спектарот на бои.


Кинеската компанија ќе го лансира Mi Surface Display на пазарот од ноември.

Покрај 34-инчниот заоблен монитор за игри, Xiaomi најави и стандарден монитор од 23,8 инчи. Овој модел има рамен екран, со Full HD резолуција и агли на гледање од 178 степени. Xiaomi се одлучи за минималистички дизајн на мониторот, кој ќе се најде во продажба од 21. октомври.