Фановите на Apple беа воодушевени кога во април оваа година беше претставен достапниот и компактен iPhone SE (2020), но очигледно нема да добие верзија за 2021 година. Аналитичарот Минг-Чи Куо истакнува дека Apple не планира да издаде нов SE модел во текот на првата половина на следната година.

Прогнозата е дел од поголемиот извештај, што го анализира целокупниот пазар на оптика – до четири добавувачи на Apple се во битка за обезбедување на камерите за iPhone 13, што ќе влијае на подготовката и производството на потенцијалниот iPhone SE модел (2021).

Во извештајот не се споменува можното објавување на iPhone SE во текот на втората половина на 2021., но обично овој период е резервиран за премиум моделите од компанијата и тешко дека iPhone SE ќе биде објавен заедно со iPhone 13 линијата.

Со ова се согласува и дојавувачот Рос Јанг, кој сугерира дека следниот, освежен модел на iPhone SE може да се очекува најрано во 2022 година.