Корисник на Reddit од Грција, потпишан со името jimminecraftguy, се пофали со својот проект и привлече внимание во заедницата на љубители на такви проекти, но и на велосипеди. Имено, тој бесплатно дошол до електромотор од машина за перење алишта и потоа го монтирал на прилично обичен градски велосипед стар околу 20 години. Резултатот е супервелосипед на струја кој може да постигне брзина од околу 100 километри на час.

Овој истонасочен електромотор без четки има декларирана сила од 1.100 W, но креаторот на електричниот велосипед вели дека не го напојува со батерии до полна сила бидејќи така би можел да постигне и до 150 километри на час, што би можело да биде смртоносно.

Моторот е модифициран, па може да работи на напон од 48 V, додека и самиот велосипед е малку преработен и на електричен погон може да се движи и без возачот да ги врти педалите. Следниот чекор, според креаторот, е да се доработи електрониката, да се зголемат батериите и да се направи капак кој би го скрил погонскиот систем во рамки на велосипедот. И веројатно да се собере уште малку храброст и вештина за да може да се уфрли во полна брзина

Извор: Bug.hr