Познатото студио за видео-игри Codemasters наскоро би можело да премине во сопственост на компанијата Take-Two Interactive.

Најпознати во светот на тркачките видео игри, во портфолиото на британското студио Codemasters се наоѓаат одлични наслови како Dirt Rally, но и лиценци за Formula 1.

Моменталната понуда на компанијата Take-Two изнесува 973 милиони долари. И натаму не е ништо дефинитивно договорено, но како што пренесува PC Gamer, двете компании се пред постигнување на договор.

Неодамна Codemasters ја најавија својата најнова видео игра Dirt 5.

Извор: B92.net