Apple на претстојниот виртуелен „One More Thing“ настан на 10. ноември ќе претстави нови MacBook компјутери засновани на сопствени ARM процесори.

Според гласините што ги пренесува Bloomberg, би требало да бидат претставени вкупно три модели, еден MacBook Air, еден 13-инчен MacBook Pro и уште еден 16-инчен MacBook Pro, кои според дизајнот нема премногу да се разликуваат од своите претходници.

Nikkei, пак, изнесува информација дека целта на компанијата од Купертино е да произведе околу два и пол милиони нови MacBook модели до февруари следната година. За споредба, тоа е околу 20 проценти од сите испорачани MacBook лаптопи во текот на 2019. година (12,6 милиони примероци).

Со новите MacBook компјутери, Apple наводно во пресрет на празничната сезона го засили и производството на старите iPhone модели за да се покрие недостатокот во складирањето, што се однесува до новите 5G iPhone модели, настанат поради актуелната криза врзана за пандемијата на коронавирусот.