Иако можеби не сме во прилика да излегуваме надвор и да ги фотографираме омилените призори поради изолацијата предизвикана од коронавирусот, тоа време можеме да го искористиме за усовршување на нашите фотографски вештини. Во тоа ни помага и Nikon USA, кој бесплатно нуди 10 часови од своето онлајн училиште во текот на април.

„Мисијата на Nikon секогаш била да ги направи посилни креаторите на содржини. Во овие несигурни времиња, тоа можеме да го оствариме така што на креаторите ќе им помогнеме да останат инспирирани, заинтересирани и да продолжат да се развиваат“, се истакнува во соопштението на компанијата.

Курсевите се во распон од 15 минути до преку еден час, а сите ги презентираат професионални фотографи, но и Nikon амабасадори. Нормалната цена на овие часови е помеѓу 15 и 50 долари.

Часовите покриваат широк спектар на содржини, од панорамски фотографии, макро фотографии, Reed Hoffman основи, до „The Art of Making Music Videos“ со Крис Хершман. Тука се и некои курсеви кои се посебно дизајнирани за камерите, како што е Z50 видео курс и hands-on курс со Nikon SB-5000 speedlight.

За да ги погледнете и испробате Nikon курсевите на фотографирање, можете да ја посетите оваа адреса.