Нови информации од Samsung продолжуваат да пристигнуваат и кога е во прашање претстојната Galaxy S21 серија телефони. По извештаите дека новите премиум смартфони на јужнокорејската компанија ќе ги видиме порано од вообичаеното, сега се појавија и гласини за содржината на пакувањето.

AKG слушалките повеќе нема да бидат дел од пакувањето, но наместо нив ќе биде понуден налседникот на Galaxy Buds Plus, а овие слушалки ви требало да го носат името Galaxy Buds Beyond.

Samsung досега ги нудеше своите безжични слушалки бесплатно, но само како дел од понудата во рамките на претпродажбата. Со Galaxy S21 серијата, компанијата планира своето безжично решение да го понуди во пакет со телефоните.