Постојат голем број корисници кои не се претерани љубители на новите икони на Google. За нив се појави убава вест и решението го гледаат во вид на нова Chrome екстензија.

Овој Chrome плагин овозможува враќање на старите таб икони за Gmail, Calendar, Meet и другите Google сервиси. За оваа екстензија е задолжен дизајнерот Клаудио Постингејл.

Google во текот на октомври претстави нов сет на икони, кога го изврши ребдендирањето на  GSuite пакетот во Google Workspace. Овие промени креираа голем број дискусии на форумите, а најголемиот број корисници не се љубители на новите икони. Покрај тоа што изгледаат премногу генерички, новите икони ги прават Google сервисите помалку достапни, бидејќи стана тешко распознавањето меѓу уконите, кога тие ќе се појават во облик на мали табови.

Постингејл истакнува дека работи и на Firefox верзија на екстензијата. За жал, плагинот нема да може да помогне да се вратат старите икони и на мобилните уреди, тука се екстерните ланчери и икони за Android телефоните.