LG во својата линија гејминг монитори го додаде и моделот 27GN800. Мониторот го карактеризира WQHD Nano IPS панел, со висока стапка на освежување и брз одзив.

LG 27GN800 има 27-инчен екран со 144Hz освежување, 1ms G2G одзив и 2560 x 1440p резолуција. Овој 10-битен панел покрива 99% од sRGB спектарот на бои, има типично осветлување од 350 нита, како и 1000:1 контраст.

Мониторот е компатибилен со G-Sync технологијата и има FreeSync Premium. За да се намали доцнењето, LG имплементираше DAS (Dynamic Action Sync) технологија, што на корисниците им нуди најдобро можно искуство.

Гејминг функциите на мониторот вклучуваат и Black Stabilizer, Crosshair, намалување на замаглувањето и HDR поддршка. Покрај тоа, flicker-free технологијата го намалува заморувањето на очите, а тука е и reader mode, што го намалува влијанието на синото светло.

LG 27GN800 користи два HDMI порта, DisplayPort и 3.5mm приклучок. Сталакот на мониторот им овозможува на корисниците само да го подесуваат навалувањето на мониторот, а тука е и VESA 100x100mm поддршка.

Компанијата LG не ја објави цената и достапноста на својот нов гејминг монитор, но се очекува во продажба пред крајот на годината.