Пред една година, Google го измени Chrome, кој доби можност за пополнување на деталите во кредитните картички без потреба од вклучување на функцијата за синхронизирање на браузерот. Сега компанијата уште повеќе го олеснува пристапот до деталите за логирање и плаќање, без потреба од синхронизирање на различните уреди, се додека корисникот е пријавен.

Google во својата објава истакна дека Chrome за Android наскоро ќе овозможи начин на логирање со едно притискање, со користење на било кој профил што претходно бил употребен на уредот. Покрај тоа, корисниците ќе можат да се логираат без чување на својот профил, или да влезат директно во инкогнито модот.

Доколку корисникот одлучи да се логира, ќе добие пристап до деталите за плаќање снимени во одредениот Google профил – потребно е само да се потврди CVC на картичката и да се верификува идентитетот со помош на биометриски технологии. Ќе биде можно и користење на нова картичка и чување на нејзините детали на профилот.

Google овозможува и полесен пристап и чување на лозинките. Chrome ќе може автоматски да ги пополнува лозинките на сајтовите, кои претходно било сочувани на профилот, дури и доколку синхронизацијата не е овозможена. Покрај тоа, ќе биде можно чување на новите лозинки на профилот и пристап до нив на уредите кои се користат или на сите уреди. Оваа функција ќе им биде достапна на корисниците во следните неколку месеци.