Baby Shark има преку седум милиони прегледи, што го прави најгледано YouTube видео на сите времиња. Во прашање е содржина за најмладите, па се претпоставува дека гледаноста дополнително порасна откако децата ширум светот се затворени дома.
Со 7,04 милијарди прегледи го надмина @Despacito“ – хитот на порториканската поп-sвезда Луис Фонси и „Daddy Yankee“ од 2017. година.
„Baby Shark“ ја грабна „круната“ повеќе од четири години по првото објавување на платформата. Не е јасно кој е автор на песната, иако одамна е популарна забава за децата. На крајот стана глобален феномен откако ја сними 10-годишната Хоуп Сегоин, која има корејско-американско потекло. Снимката е произведена од едукативната компанија „Pinkfong“ и вклучува забавен танц.
Видеото брзо се здоби со огромна популарност во Југоисточна Азија, а подоцна се прошири и во САД и Европа. Песната достигна до шестото место на британската табела за синглови, а на 32. позиција во САД.
Хитот е долг само 1:25 минути, но смешниот рефрен сугерира да го слушате повторно и повторно, што помогна да се постигне рекордот.
Поврзани артикли