Опцијата која го прослави Snapchat, а ја ископираа сите други, наскоро би можела да се најде и како додатна можност за изразување на бизнис ориентираната социјална мрежа LinkedIn.

LinkedIn, кој повеќе од две години е во сопственост на Microsoft, има идеја како да ги привлече студентите и миленијалците, како и сите кои така се чувствуваат, да побараат работа преку нивната платформа. Имено, се одлучија на социјалната мрежа да ја додадат и можноста за поставување на кратки видео записи во облик на познатата опција Stories.

Оваа опција во вид на кратки видео или фото записи со разни украси, ефекти и додатоци, ја популаризираше Snapchat, за недолго потоа да ја преземат и Facebook, Instagram и WhatsApp. Оваа форма на изразување очигледно и се допаѓа на помладата генерација, поради што ќе пристигне и на LinkedIn, кој некогаш важеше за сериозна деловна социјална мрежа.

Засега се е во фаза на тестирање. Поставувањето на кратки видеа на сопствениот профил моментно им е дозволено само на студентите во САД, па поради тоа и опцијата се нарекува Student Voices“. Видео инсертите се наоѓаат во самиот врв на веб-страницата и апликацијата на LinedIn, а по поставувањето достапни се за гледање една недела (а не 24 часа како кај останатите мрежи.)

Студентите на овој начин можат да комуницираат со колегите од сопствениот или од соседните кампуси, а со поставување на непримерни содржини можат и да си ги загрозат шансите за вработување.