Популарната социјална мрежа Instagram продолжува да ја развива својата секција за размена на пораки, а сега има и нова можност која е присутна на популарните апликации Facebook Messenger и WhatsApp.

Имено, од сега корисниците ќе можат да видат личноста со која се допишувале, кога последен пат била активна.

Новата опција е под назив Show Activity Status, таа е по дифолт вклучена, но можете  и вие да ја  вклучите во секцијата Settings.

Но, ако ја вклучите опцијата, тогаш ниту вие нема да можете да го видите статусот на другите лица, односно кога последен пат ја користеле оваа социјална мрежа.

Постои шанса Instagram само да ја тестира оваа опција на одреден број на корисници, но факт е дека е достапна на одредени корисници на iOS и Android.

Важно е да се спомене дека сите ваши следбеници нема да можат да видат кога последен пат сте користеле Instagram, оваа привилегија ќе ја имаат само оние со кои сте разменувале директни пораки.

Извор: Klix.ba