Samsung веќе нуди јавна бета програма за One UI 3 ажурирањето, засновано на Android 11 за своите премиум Galaxy S20 и Galaxy Note20 серии. Иако компанијата не го објави конкретниот период на објава на конечното ажурирање, изгледа дека тоа се планира за крајот на ноември или почетокот на декември.
На страницата на Samsung во Малезија е поставена објава дека One UI 3 ќе биде достапен од ноември 2020. или подоцна. Страницата на One UI 3 во Јужна Кореја истакнува и дека ажурирањето ќе биде објавено по ноември оваа година.
Јужнокорејската компанија редовно објавува ажурирања за јавниот beta build на One UI 3 платформата за Galaxy S20 и Note20 сериите, за да се исправат баговите што ги пријавуваат тестерите и за да се подобри стабилноста на софтверот.
One UI 3 е заснован на Android 11 и пристигнува со бројни нови функции и подобрувања. Тоа вклучува поедноставено Settings мени, повеќе опции на прилагодување за Always-on Display, изменети системски апликации, попаметни Bixby Routines и друго.