Google Chrome експериментира со неколку функции што можат да му помогнат на корисникот да продолжи во истражувањето на некоја тема и да ја спореди страницата на која се наоѓа со другите резултати од пребарувањето. Journeys функцијата би можела да овозможи повеќе начини за следење на она што се пребарува.

Алатката автоматски собира страници и информации поврзани за иста тема, што би го спасило корисникот од рачно прегледување на историјата или bookmarks фолдери со сите овие сајтови. Chrome ќе пружи и предлози за пребарување за да го засили истражувањето.

Групите се чуваат локално и не се синхронизирани со Google сметката на корисникот, па не е можно да им се пристапи на различни уреди. Сепак, тоа би можело да се промени во иднина. Функцијата може да се исклучи во секое време и да се избрише историјата на прелистување специфична за Journeys.

Покрај тоа, Google тестира и страничен панелот за пребарувањето. Кога ќе кликнете на линкот за пребарување содржини, G иконата ќе се појави покрај полето за адреса на Chrome. Кога ќе кликнете на него, се добиваат други резултати за тоа пребарување на бочниот панел. Тоа ќе овозможи да ја споредите страницата на која се наоѓате со други резултати без да морате да отворате повеќе табови или да се движите помеѓу страниците.

Засега оваа функција се тестира на Chrome OS Dev каналот со Google Search. Ако Google на крајот ја направи алатката пошироко достапна, компанијата планира да го прошири страничнниот панел на повеќе платформи и да додаде поддршка за други стандардни пребарувачи.