New York Times стана сопственик на популарната игра со зборови Wordle, пренесува BBC.

Бесплатната, едноставна и многу популарна игра ја креираше софтверскиот инженер Џош Вордл, а се појави во октомври минатата година и сега има милиони фанови и играчи. Сумата што ја одвои New York Times за купување на играта не е објавена, но се знае дека се работи за седумцифрена сума.

Вордл рече дека успехот на играта ги надмина очекувањата и дека е исклучително задоволен од постигнатиот договор со New York Times. Оваа американска медиумска куќа ќе продолжи да ја нуди играта Wordle целосно бесплатно.

Wordle секојдневно објавува нови предизвици со загатки, а задачата на играчот е да пронајде збор од пет букви во шест обиди. Исто така, играчите можат да ги споделат своите резултати на социјалните мрежи, но на начин што не им ја расипува забавата на оние кои сè уште ја играат играта.