Најновиот додаток на Honor X10 линијата телефони е моделот Honor 10X Lite. Во прашање е подостапна алтернатива за X10 5G и X10 Max 5G, а пристигнува со спецификации од средниот сегмент на пазарот.

Honor 10X Lite има 6.67-инчен IPS LCD екран, со FHD+ резолуција и punch-hole отвор за 8MP селфи камера. Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страна на рамката, додека во дното е сместен Type-C конектор и приклучок за слушалки.

На задната страна се наоѓа 48MP главна камера (f/1.8), заедно со 5MP ултраширок сензор, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.

Телефонот го покренува Kirin 710 чипсет, со 4GB RAM и 128GB простор за складирање податоци што може да се прошири преку microSD слот. Батеријата со капацитет 5000mAh, има поддршка за 22.5W брзо полнење.

Оперативниот систем е Android 10 со Honor Magic UI 3.1 кориснички интерфејс. Нема поддршка за Google Mobile Services, а наместо тоа, тука се Huawei HMS алтернативите.

Honor 10X Lite пристигнува во Icelandic Frost, Midnight Black и Emerald Green варијанти. Моментно е достапен во Саудиска Арабија, додека во Русија пристигнува на 13. ноември. Во следните недели се очекува на уште повеќе пазари.