Два iPhone 12 модела се веќе во продажба, а наскоро ќе почне продажбата на уште два модела поради што фабриките работат со полна пареа.
Оваа недела аналитичките компании објавија податоци за глобалниот пазар на паметни теелфони кои покажаа дека Apple паднал на четвротот место, зад Samsung, Huawei и Xiaomi. Но, Тим Кук и екипата не се баш загрижени, бидејќи се свесни дека продажбата паднала поради фактот дека новата генерација на iPhone не се појави во продажба во септември, туку во октомври, што би требало да се прикаже во бројките за последниот квартал од годината.
Во последните два месеца оваа година Apple очекува голема побарувачка за своите нови телефони, а во склад со тоа е забрзано и производството на новите модели во кинеските фабрики. Тоа забрзвање на производството, според аналитичарите на Morgan Stanley, може да се следи и на некои интересни и неконвенционални начини – со следење на загадувањето на воздухот. Овие параметри се поврзуваат со зголемување на индустриската активност, а во овој случај се работи со активностите врзани за iPhone 12.
Од Morgan Stanley велат дека до податоците за квалитетот на воздухот стигнале преку непрофитни платформи кои ги собираат и објавуваат тие податоци во Кина и кои ја следат количината на јаглероден диоксид, што според Европската всленска агенција е прв индиктор на зголемена индустриска активност. Тоа е посебно видливо во Шенгшоу, тн. „град на iPhone“ во кој загадувањето скокнало еден месец подоцна во однос на вообичаениот период – што исто така се поклопува со еден месец задоцнување во претставувањето и почетокот на продажба на iPhone 12. Слично е и во Ченгду и Чонгкинг во кои производството е во пораст во последно време, додека Шенжен најголем пораст е забележан минатиот месец.
Со оглед на тоа дека во продажба се само два од четирите уреди што ги претстави Apple, за очекување е дека тоа загадување, односно зголемување на индустриската активност ќе продолжи и натаму, за да се задоволат големите апетити на љубителите на iPhone, кој во текот на ноември и декември би можеле да навалат на новите модели.
Поврзани артикли