Во некои убави времиња, кои сега се зад нас, OnePlus нудеше премиум телефони по цена која беше значително пониска од онаа која другите компании ја бараа за своите премиум уреди.

Со претставувањето на OnePlus Nord моделот, јасна е разликата меѓу телефоните на компанијата од средниот и горниот сегмент.

Неодамна се појавија гласини за тоа дека OnePlus подготвува барем три телефони од средниот сегмент, но изгледа сега покажува и интерес за буџетскиот сегмент на пазарот. Според информациите, се очекува телефонот на OnePlus да го користи процесорот Snapdragon 460.

Во моментов ништо не се знае за овој телефон, а само две караткеристики можеа да се наслушнат во овој момент. Tоа е споменатиот Snapdragon 460 чипсет, кој е наменет за LTE телефоните, што значи дека идниот модел на компанијата OnePlus ќе биде понуден на пазарите каде се уште нема 5G мрежа. Покрај тоа, со оглед на верзијата на чипсетот, уредот би требало да има цена под 250 долари.

Извор: Benchmark.rs