Филијалата на Xiaomi, подбрендот Poco потврди дека на 6. октомври во Индија ќе го претстави Poco C3 телефон. Претходните извештаи сугерираа дека ова би можел најевтиниот смартфон на брендот.

Најновиот твит на Poco го потврдува датумот на претставувањето на C3 моделот, како и дека ќе се продава преку Flipkart.

Неодамна се појавија фотографии, кои Poco X3 го прикажуваат во живо, а бројот на моделот на уредот сугерира дека би можело да станува збор за Redmi 9C телефонот.

Доколку се обистинат гласините, Poco X3 може да има 6,53-инчен IPS LCD екран со HD+ резолуција и 20:9 одност на страници. Ќе го покренува Helio G35 чипсет, а ќе го напојува 5000mAh батерија.

Poco C3 би можел да има предна камера од 5MP, додека на задната страна би се нашол 13MP + 2MP + 2MP систем на камери и сензор за отпечатоци од прсти.