Минатата недела Huawei Huawei Enjoy 20s телефонот се појави на TENAA листингот, со фотографија и листа на спецификации. Засега се уште не е познат датумот на објава на смартфонот, а во меѓувреме се појави и фотографија која уредот го прикажува во живо.

Фотографијата воглавно го потврдува она што знаевме и досега – три камери на задната страна, сензор за отпечаток од прст од страна кој функционира и како копче за вклучување. Видливо е долго куќиште, што сугерира дека дијагоналата на смартфонот ќе биде голема. TENAA сугерира 6,8-инчен LCD панел со 1080p резолуција.

Huawei Enjoy линијата во Кина обично се појавува под друго име, во рамките на Y семејството. Најверојатно дека Enjoy 20s ќе пристигне како Huawei Y10 или Y11 на европскиот и другите пазари, каде што евтините Huawei телефони од средниот сегмент добро се продаваат.