Microsoft  објави опционално Catalog ажурирање кое го отстранува Adobe Flash од Windows 10 и го спречува повторно да се инсталира. На овој начин, компанијата отвора пат за конечно отфрлање на апликацијата во текот на 2021. година.

Меѓутоа, како што известуваат одредени медиуми, ажурирањето само ја отстранува Flash верзијата која е вградена во Windows 10, а не и засебната верзија која корисникот сам ја инсталирал. Ажурирањето не го отстранува Flash од Microsoft Edge или од другите браузери.

Windows 10 Flash поддршката официјално ќе престане на крајот на оваа година, а повеќе нема да постои ни поддршшка за стандардниот Edge, акко ни за Internet Explorer 11. Најновата верзија на Edge која ја користи Chromium архитектурата ќе ја загуби поддршката за Flash во јауари 2021. година.

Минатиот месец Microsoft го објави планот за отфрлање за поддршката за Flash, истакнувајќи дека алатката за отстранување на Flash ќе биде опционално ажурирање во Windows Update до почетокот на 2021. година. По неколку месеци, ова ќе стане препорачано ажурирање, а на лето следната година Microsoft ќе го отстрани целиот фрејмворк на програмери кој е во врска со Flash.