Се сеќавате ли на легендарната Snake на Nokia? Сега е повторно достапна, но за паметни телефони.

Иако денес не можеме да замислиме ден без паметен телефон и се што имаме на него, во минатото тој се користеше само за повици и СМС пораки, а имаше само неколку забавни опции.

Една од занимациите на старите телефони беа игрите, од кои најпопуларна е Snake, која многумина ја играа на Nokia.

Nokia беше производителот, чии телефони ги имаа мнозинството. Како што напредуваше технологијата, таа стара Nokia престана да се користи и на тој начин легендарната игра беше речиси заборавена.

Можете повторно да играте Snake

Сепак, изгледа дека креаторот на играта Танели Арманто ги послушал желбите на многумина и направил Snake за паметни телефони. Се вика Snake ’97: retro phone classic. Може да се преземе и за уредите Android и Apple iOS.

Играта изгледа речиси идентично како и оригиналот, така што е вистинско уживање за секој што сакал да игра Snake пред појавата на паметните телефони.