OnePlus неодамна потврди дека планира да објави паметен часовник од следната генерација, заедно со телефоните од OnePlus 9 серијата. Во последните неколку недели, компанијата објави голем број на тизери за претстојните уреди.

Новите смартфони и паметниот часовник ќе бидат претставени на 23. март, а во меѓувреме, дојавувачот Ишан Агарвал ја открива можната цена за OnePlus Watch на европскиот пазар.

Покрај оваа информација, дојавувачот објави и фотографии од претстојниот паметен часовник, прикажувајќи го OnePlus Watch во црна и сребрена боја.

Дизајнот на часовникот на рендерите покажува кружен бројчаник, со декориран гумен ремен. Ова е дизајн сличен на оној што неодамна го навести Twitter профилот на OnePlus India. Во официјален видео тизер OnePlus потврди дека часовникот е способен да ги следи срцевите отчукувања и направените чекори.

Бидејќи информациите на дојавувачот се неофицијални, потребно е да се земат со резерва, но нема да мораме да чекаме предолго за да ги дознаеме сите детали за OnePlus Watch уредот.