Компанијата Samsung наводно размислува да направи промени кога станува збор за S Pen пенкалото, за да може да се користи за идните Galaxy Fold 3 смартфони.
Гласините говореа дека Galaxy Fold 2 ќе пристигне на пазарот со S Pen пенкалце, но тоа не се случи. Меѓутоа, изворите тврдат дека Samsung има намера повторно да проба пенкалото да го прилагоди на третата генерација на Galaxy Fold, така што во неговата изработка ќе користи поинаква технологија,
Galaxy Note користи електромагнетна резонанца (EMR) која функционира со пасивно пенкало, има добра прецизност и ниска латенција во споредба со Active Electrostatic Solution (AES) пенкалцата.
Меѓутоа, Samsung има проблеми да ја комбинира EMR технологијата и Ultra Thin Glass (UTG) стаклото, поради што S Pen пенкалцето не пристигна со Fold 2. Ако тој проблем не се реши, Samsung би можел да премине на AES.
AES ги нема одредените проблеми карактеристични за EMR и нуди речиси совршена прецизност и поддржува препознавање на свртувањето, како што е случај со Microsoft Surface и Apple iPad таблет уредите. S Pen препознава свртувањ, но не е совршено.
Аналитичарите тврдат дека Samsung ќе ја дуплира дебелината на UTG, за да го издржи притисокот на врвот на пенкалото.