Подбрендот на Xiaomi, Redmi веќе работи на својата претстојна Note 10 линија, а се верува дека двата телефона се веќе сертификувани и откриени се брзините на полнење на батериите во нив.

Xiaomi M2007J22C и Xiaomi M2007J17C се појавија на 3C сертификација, откривајќи дека престојните смартфони ќе имаат поддршка за 25W и 33W брзо полнење.

Листингот покажува дека се работи за модели со 5G поддршка и тоа е се што засега се знае за нив. Гласините од претходно споменуваат дека Redmi Note 10 Pro би можел да има 108MP камера, додека за чиповите се споменуваат Dimensity 820 или Snapdragon 750G.

Двата телефона се подготвуваат за Кина (на што укажува буквата C на крајот на ознаката), но еден дојавувач сугерира и дека ECC го сертификуваше M2007J22G моделот, кој се очекува на другите пазари, вклучувајќи ја и Европа.