Додека чекаме на наследникот на Huawei Mate Xs флексибилниот телефон, компанијата истражува можности на креирање на модел со преклопен дизајн. На ова укажува патентот за кој Huawei поднесе барање во април во Кина, а неодамна го откри сајтот LetsGoDigital.

Според достапните фотографии, телефонот е многу сличен на Galaxy Z Flip моделот, со исклучок дека екстерниот екран би бил значително поголем и можеби би се користел за повеќе од чисто прикажување на известувањето и времето.

Со оглед на тоа дека рендерите не ја покажуваат предната камера, екстерсниот дисплеј би служел и како viewfinder за селфи фотографии. На тој начин предната страна би била чиста, без засек и други нерамнини.

Секако, бидејќи се работи за патент, не постојат гаранции дека идеите и решенијата од него ќе бидат имплементирани во конкретен производ, кој во некој момент би им бил понуден на корисниците на пазарот.