„Основната функција на штитната жлезда и причината за нејзиното постоење е лачење на хормонот Т4 и Т3. Хормоните на штитната жлезда се главните регулатори во организмот и клучни се за обработување на сите процеси кои што се одвиваат во органите и ткивата“, појаснил д-р Јосип.

Штитната жлезда му помага на телото да користи енергија, да ја одржува правилната работа на мозокот, срцето и мускулите.

Кога таа не работи правилно се појавуваат симптоми кои што многумина ги занемаруваат, па дури кога ќе биде доцна одат на доктор.Штитната жлезда може да работи забрзано или пак да успори нејзината работа. Во двата случаи потребно е да посетите доктор, а еве на кои промени на организмот треба да внимавате:

Хипотиреоза – симптоми

Класичните симптоми можат да вклучат умор, чувствителност на ладно, нерегуларна менструација, вртоглавица, сува кожа, зголемување на телесната тежина.

Хипертиреоза – симптоми

Кога премногу е активна штитната жлезда се појавуваат симптоми како неправилна работа на срцето, анксиозност, тресење на рацете, чувствителност на висока температура, нередовен циклус, несоница и губење килограми.

Извор: Srbija Danas