Исто како и патниците во автомобилот, вашиот телефон треба да остане заштитен и безбеден. Па тогаш зошто немате воздушно перниче, слично на она кое се наоѓа во вашиот автомобил? Еден амбициозен студент успеа да креира заштита за смартфони која работи на истиот принцип како воздушните перничиња.

Филип Френзел е студент по инжинерство и тој го дизајнираше овој пронајдок најмногу инспирирајќи се од неговите лични потреби, бидејќи знае дека заштитата на смартфоните е многу важна. Неговиот дизајн неодамна се појави на Reddit.

Дизајнот на Френзел започнува со тенка заштитна маска, опремена со сензори кои детектираат кога телефонот е во слободен пад. Кога телефонот ќе „полета“, металните пружини ги отвораат заштитните рамки кои го ублажуваат падот. Потоа, можете да ги затворите рамките назад во „оклопот“ и да ги употребите кога повторно ќе се случи пад на телефонот.