Органите произведени со биопечатење ќе бидат меѓу најважните технолошки достигнувања во следните 10 години, како и вештачкото месо и чипувањето на луѓето, пренесуваат научните портали.

Науката работи на плановите на иновативната медицина во областа на биопечатењето, односно правењето човечки органи од ништо.

Тоа вклучува создавање биолошки материјал, односно функционално ткиво со добри шанси човечкото тело да не ги отфрла, а сето тоа со помош на методите кои се многу слични на 3Д-печатењето на предмети од пластика – слој по слој.

Научниците полагаат голема надеж во тој процес бидејќи трансплантираните органи од различни донатори имаат сериозен степен на одбивање, а нема толку многу донатори колку што е потребно.

Во наредните 10 години во оптек ќе биде и вештачкото месо.

Луѓето ќе купуваат и ќе јадат бургери од месо од лабораторија. Првиот хамбургер од месо создадено во лабораторија чинеше 300.000 долари, а беше финансиран од Google.

Се очекува оваа технологија да станува сѐ позастапена, па така и на лабораториски создаденото месо ќе му паѓа цената.

Тие технологии се многу слични на оние во регенеративната медицина, значи на оние што се користат во експерименти за добивање вештачки органи.

Ќе се промовираат „Интернет на нештата“ (Internet of Things – IoT) и 5G – тотална поврзаност до ниво што на луѓето под кожата ќе им се вградуваат чипови или дури и мозок и така ќе се приклучуваат на една информативна мрежа.

Таа мрежа е во фаза на воведување и се вика 5G. Со брзина до 100 гигабајти во секунда, 5G е околу стотина пати побрза од 4G.

Оваа нова технологија ќе донесе промени не само во индустријата, туку и во други масовни дејности.

Извор: B92.net