Израелската компанија PointGrab направи сензори за следење на физичката дистанца на работното место. Овој нивен производ ќе им помогне на надредените во организација на работниот простор во текот на пандемијата на коронавирусот.

Сензорот е со големина на алармот за детекција на час, со него се вчитува точната положба и бројот на луѓе во даден простор – канцеларии, хотели или ресторани.

Меѓу првите компании кои се одлучиле да ги купат овие сензори е Deloitte. Оваа корпорација ги инсталирала сензорите во своите простории во Лондон.

Извршниот директор на PointGrab тврди дека нивната иновација значително му помогнала на Deloitte. Со сензорите се вчитува и колку луѓето се оддалечени едни од други и каде се движат во објектот.

Помеѓу останатото, благодарение на нив е можно да се направи предупредување кое се вклучува кога две лица се блиску едни до други на помалку од два метра и подолго од половина минута.

И некои други кинески компании во светот направиле технологии за контрола на физичкото дистанцирање и дали се носат заштитни маски.

Сензорите на PointGrab, повеќе од 10.000 ја купиле Coca-Cola, Facebook и Dell. Во оваа израелска компанија се свесни дека нивниот производ можеби нема да им се допадне на работниците, но уверуваат дека тој само служи за она што е и направен и дека не ја нарушува приватноста.