Компанијата Boston Dynamics неодамна ги демонстрираше новите вештини на своите роботи SpotMini и Atlas.

Нивните движења на секоја нова видео-снимка изгледаат се поприродно, поради што на пошироката јавност и изгледаат се поморничаво.

Atlas овој пат може не само да оди, туку и да скока, а минатата година можевме да видиме како прави салто наназад.

За неговиот „роднина” SpotMini, од друга страна, ни степениците повеќе не се пречка:

Претходно можевме да видиме како отвора врата:

А беше упорен и успешен дури и кога му пречеа во текот на тестирањето:

SpotMini ќе се најде во комерцијална употреба следната година, пишува Washington post. Цената се уште не е соопштена.