Samsung е една од големиот број компании, кои се погодени од глобалниот недостиг на чипови, а Galaxy S21 FE на компанијата е најновата жртва на моментната состојба на пазарот.

Сега, најновиот извештај од Јужна Кореја открива дека објавата на Galaxy S21 FE моделот е одложена, па така наместо на почетокот на август, телегонот ќе пристигне во октомври. Покрај тоа, Galaxy S21 FE ќе биде лимитирано достапен.

Samsung Galaxy S21 FE се очекува како подостапен премиум модел, а најпрвин се очекува на пазарите во Европа и САД.

Инсајдерските извори откриваат дека Samsung разгледувал и целосен прекин на производството на телефонот, но поради популарноста на FE серијата, јужнокорејскиот производитеч се одлучил да креитра лимитирана количина на уредот. Од друга страна, од комапнијата одговорија на тоа и истакаа дека ова е само еден од правците во кои се размислувало, и дека ништо не е конечно одлучено.

Недостигот на чипови е најголем проблем, кој влијае и на Galaxy Note серијата, која ќе добие нов модел дури во текот на 2022. година.