По шестмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица тројца космонаути безбедно се вратија на Земјата.

Космонаутот на NASA, Крис Касиди и космонаутите на Роскосмос, Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер слетаа во степина на Казахстан, југоисточно од Жесказган.

По медицинскио преглед тројцата космонаути со хеликоптер ќе бидат префрлени до Жесказган, од каде ќе заминат дома.

Касиди, Иванишин и Вагнер поминаа 196 денови во Вселената.

Астронаутот на НАСА, Кејт Рубинс и астронаутите Сергек Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков од Роскосмос пред една недела пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, каде ќе претстојуваат шест месеци.