Според досегашните гласини, Xiaomi наскоро би требало да почне со продажба на својот нов паметен телефон Xiaomi Mi 9X, попознат под кодното име “Pyxis”.

Се споменува дека Xiaomi Mi 9X ќе има 6,4-инчен AMOLED екран со помал notch и сензор за отпечатоци од прсти интегриран во самиот екран. Тука е и Snapdragon 675 чипот (кој веќе се наоѓа во Redmi Note 7), 6 GB LPDDR4x меморија, батерија со капацитет од 3300 mAh (со поддршка за Quick Charge 4.0+ технологија) и оперативниот систем Android 9.0 Pie со MIUI 10 кориснички интерфејс.

Што се однесува до фотографската компонента, се споменува тројна задна камера (главна 48-мегапикселна камера со Sony IMX586 сензор, 8-мегапикселна секундарна камера и 13-мегапикселнма широкоаголна камера).

Основниот модел би требало да содржи eMMC 5.1 меморија со капацитет од 64 GB простор за складирање податоци и на пазарот ќе стигне со цена од 253 долари. Инаку, се работи за паметен телефон, кој на меѓународниот пазар можеби ќе се појави под името Xiaomi Mi A3.