Huawei е изненаден и разочаран од одлуката на шведскиот орган за телекомуникации, кој всушност забрани употреба на 5Г опрема на компанијата во Шведска

Како одговор на одлуката на Шведска за условите за учество на операторите на аукции од 3,5 гигахерци и 2,3 гигахерци, што всушност претставува забрана за употреба на 5G опрема на таа компанија, Хуавеи наведува дека тие се приватна комерцијална компанија во целосна сопственост на нејзините вработени.

Нема основа за обвинувањата дека Huawei претставува каква било закана за безбедноста. Ние веруваме дека исклучувањето на Huawei се заснова на неоснована претпоставка и дека е неправедно и неприфатливо.

За 20 години деловно работење во Шведска, како и за повеќе од три децении постоење во повеќе од 170 земји во светот, не е забележан поголем безбедносен инцидент. Huawei никогаш не предизвика најмала закана за шведската сајбер безбедност и тоа нема да се случи во иднина. Исклучувањето на Huawei нема да придонесе за безбедноста на шведската 5Г мрежа. Напротив, ќе има сериозни нарушувања на конкуренцијата и иновативноста“, стои во соопштението на компанијата.

Huawei ќе го процени ефектот на одлуката и се надева дека шведската влада ќе ја преиспита одлуката во духот на фер и отворен пазар, како што секогаш поддржувала.