Во медиумите се појави информација дека новиот iPhone 13 би можел да има always-on екран како на Apple Watch, функција која од неодамна ја нудат смартфоните со Android.

Новите информации говорат дека претстојните телефони на Apple ќе имаат поиздржлива батерија, помалиот засек на екранот, можност за снимање на поквалитетно видео, екран со фреквенција на освежување од 120Hz и побрз A15 процесор.

Ова не е прв пат во случајот на Apple да се споменува always-on дисплеј. Типстерот Max Weinbach претходно оваа година истакна дека Apple би можел да користи LTPO панели за iPhone, кои се веќе дел од Apple Watch.

Bloomberg објави и дека најмалку еден од четирите нови iPhone уреди ќе имаат LTPO ekran. Технологијата динамички ја прилагодува фреквенцијата на освежување на екранот на часовникот за да се штеди батеријата.

Аналитичарот Минг-Чи Куо истакна дека претстојните Pro модели на iPhone ќе имаат LTPO екрани.

Покрај тоа, пристигна и информација дека Apple помеѓу септември и ноември оваа година ќе ги претстави новите MacBook Pro лаптопи.