Истражувачката компанија Counterpoint Research објави извештај во кој се посочува дека во текот на август, Samsung ја зголемил разликата во однос на Huawei кога станува збор за учество на пазарот на телефони.
Најновиот Monthly Market Pulse извештај на аналитичката компанија истакнува дека испораките на Samsung сочинувале 22% од вкупните испораки на телефони во текот на август, што претставува пораст од 2 проценти во однос на претходниот извештај од април. Huawei сега се наоѓа на 16% учество, откако во април забележа рекордни 21 проценти.
Apple успеа да го задржи својот удел од 12 проценти на пазарот, а со објавувањето на новата iPhone 12 серија, се очекува компанијата од Купертино да има зголемено пазарно учество.
Xiaomi забележа зголемување на уделот на пазарот, а компанијата се очекува да продолжи да добива поени со пополнување на празнината создадена од намалениот удел на Huawei, сето тоа поради веќе добро познатите проблеми со трговската војна меѓу САД и Кина.
Поврзани артикли