Во рамките на CES саемот оваа година, TCL ги претстави 30 V 5G и 30 XE 5G, првите два уреда во своето најново TCL 30 семејство. Но, тие сигурно нема да бидат единствени, судејќи според тоа колку членови сочинуваше минатогодишната серија TCL 20 .

На нашите шпекулации им одат во прилог и протечените рендери што можете да ги видите горе и долу, кои наводно ги прикажуваат претстојните TCL 30 и TCL 30+ во нивниот полн сјај.

Рендерите изгледаат прилично официјални, што нè наведува да мислиме дека TCL наскоро би можел да ги претстави овие телефони, за кои засега практично немаше никакви информации.

Она што можеме да го видиме од фотографиите е прилично очигледно: и TCL 30 и 30+ имаат странични сензори за отпечатоци вградени во копчето за вклучување од десната страна, подолу од повеќето други телефони. Двата модела имаат системи со тројни задни камери и дисплеи со центрирани засеци во обликот на буквата U, кои изгледаат прилично ретро во оваа ера на селфи камери во издвоен отвор во врвор на екранот.

На задната страна, под она што изгледа како сензор за главната камера, го наоѓаме натписот „50 MP AI camera“ на двата уреди, што кажува за резолуцијата на главниот сензор. Ќе почекаме TCL да ги официјализира овие телефони за да дознаеме повеќе детали, пренесува сајтот XDA-Developers.